Опремата која е дел од вежбата „Dragoon Guardian 17“ промовирана во Скопје

Воената опрема на инженерискиот сквадрон на копнените сили на Армијата на САД за Европа и на инженерискиот баталјон од Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ вчера беше претставена пред граѓаните на Скопје.

Од Министерството за одбрана соопштија дека опремата која се состои од воено теренски возила, лично вооружување, медицинска , заштитна опрема, опрема за детекција на експлозивни средства, припадниците двете армии ќе ја користат на заедничката вежба „Dragoon Guardian 17“.

Според заменик-министерот за одбрана Беким Максути, кој заедно со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли присуствувале на презентацијата, оваа вежба е круна на соработка помеѓу двете армии.

– Билатералната соработка меѓу Македонија и САД е одлична и оваа вежба која е дел од соработката во одбраната покажува дека најголем поддржувач на Република Македонија за членство во НАТО се токму САД. Република Македонија де-факто е подготвена уште денес да стане дел од Алијансата, меѓутоа се надеваме дека и другите пречки кои и се добро познати на јавноста, полека, со една позитивна клима и со еден добар пристап, ќе успееме да ги надминеме и што поскоро да бидеме дел од НАТО, истакнал Максути.

Цивилно воената соработка со општините продолжува и наредните денови. Денеска ваков вид на презентација ќе имаат можност да погледнат жителите на Штип и Велес.

Преземено од: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Центарот на Тетово раскопан половина година

Центарот на Тетово половина година се дави во прашина, поради запрените активности за реконструкција на ...

Од попладне врнежи во западните делови

Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, во западните делови ќе има локален дожд, кој ...

Close