Општата болница во Гостивар „Ферид Мурат“ се опреми со сто нови болнички кревети

Креветите се донација на клиниката Базел од Швајцарија. Се работи за современи кревети кои ќе бидат распоредени во сите одделенија во болницата. Донацијата е обезбедена со посредство на жител од Гостивар, кој е на привремен работа во Швајцарија.

Од Швајцарскката клиника, најавиле дека и понатака ќе донираат опрема и инвентар за гостиварската општа болница. Но, прво нивни луѓе ќе дојдат да ја посетат гостиварската болница, за да утврдат кои се  неопходните донации кои и се потребни на болницата, каде последниве неколку години, неколку здруженија и невладини донирале разновидна опрема.

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...