Општина Гостивар се’ уште е без буџет за 2018 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Општина Гостивар се’ уште е без буџет за 2018

И на денешната седница на советот на Општина Гостивар не се донесе буџетот за 2018 година.

Советниците од Алијансата за Албанците обвинија дека буџетот не бил донесен затоа што советниците од ДУИ и СДСМ воопшто не се појавиле на  закажана седница на Советот, на која на дневен ред бил ставен буџетот за наредната година.

Претседателот на советот од редовите на ДУИ, Насир Муслиу рече дека седницата на ја свикал тој, туку општинската администрација со која раководи Алијансата за Албанците.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари претходно обвини дека ако не се донесе буџетот до крајот на 2017 година преку Министерството за финансии ќе бара привремено финансирање за функционирање општната, а ако се пробијат сите рокови, ќе побара распуштање на Советот и нови избори.

Би те интересирало и

Пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Граѓаните веќе може да сообраќаат на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, која претставува последен ...

Првичен сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија

НБРМ го претстави на јавноста првичниот сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија, ...