Општина Дојран и РЕЦ – Македонија се здружија во заштита на Дојранското езеро – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Општина Дојран и РЕЦ – Македонија се здружија во заштита на Дојранското езеро

За подобро управување со Дојранското езеро кое е заштитено со закон, општина Дојран потпиша меморандум со организацијата Регионален центар за животна средина, која неколку години по ред реализира проекти и истражувања поврзани со овој екосистем.

Според градоначалникот Анго Ангов, соработката помеѓу РЕЦ во Македонија и Општина Дојран ќе биде во спроведување проекти за зачувување и промовирање на природните вредности на Дојранското Езеро.

– Имајќи предвид дека Дојранско езеро е заштитено подрачје самото тоа ни носи големи обврски и одговорности коишто со денешното потпишување на меморандумот ќе придонесе во подобрувањето на заштитата на овој екосистем – вели градоначалникот на Дојран, Ангов.

Неколку активности со кои ќе се зајакне општинската администрација во спроведувањето проекти од областа на животната средина ќе бидат дел од задачите на РЕЦ, нагласи шефот на мисијата на оваа организација во Македонија, Игор Славковски.

– Регионалниот центар за животна средина на југоисточна Европа е меѓународна организација која работи во Македонија од 95-та година. Овој меморандум значи дека општина Дојран е заштитена на вредностите на Дојранското езеро и од денес па натака тие се еден од приоритетите на работа на нашата организација – посочи Славковски.

Според Славковски, РЕЦ ќе соработува и со здруженијата на граѓани и со локалното население, со цел да се постигне долгорочно управување со езерото.

Во своите претходни проекти РЕЦ спроведе истражување на живиот свет во езерото од чии резултати за штетноста и загаденоста што ја причинуваат одредени видови алги, ја разбранува јавноста, потоа изработи студија за заштита на езерото, а учествуваше и во уредување на музејот на живиот свет во езерото кој се отвори во Стар Дојран.

 

Роза Шулева

 

Би те интересирало и

Дебата за прислушувањето: Заштита на приватноста и департизација на раководните структури

Предложените законски решенија за следење на комуникациите и за новата Оперативно техничка агенција мора да ...

МВР денес поднесе три кривични пријави со фиктивни фактури го оштетиле ЈП Комуналец за 2,6 милиони денари

Кривични пријави против лицата М.П.(51) и  45 годишниот И.А двајцата од Кавадарци и С.С.(46) од ...