Општина Новаци нуди бесплатно објекти за развој на туризмот и економијата

Развојот на манастирскиот туризам во Општина Новаци е една од гранките на кои се става посебен акцент, затоа што Мариово изобилува со огромен број цркви и манастири.

На територијата на оваа општина се наоѓаат 59 цркви и 29 манастири од кои поголем број се под заштита. Дел од линијата на Солунскиот фронт поминувала по Кајмакчалан, а општината изобилува со споменици и културно наследство од минатото. Со цел да се зголеми бројот на туристи кои трагаат по алтернативните и историските вредности, се реконструираат и реновираат културните наследства.

Голем број објекти кои што се во сопственост на општината, се нудат бесплатно, на подолгорочна концесија, за повеќе намени.

Општина Новаци учествува и во бројни проекти со регионот Долна Нормандија од Република Франција, каде посебно се работи на зачувување на вредните историски остатоци и споменици од времето на Првата светска војна.

Би те интересирало и

Започна пријавувањето за Дедомразовската трка во Скопје

Во недела на 24 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која ...

„Живи фосили и ендемити од Охридско Езеро” е насловот на изложбата која е отвоена во Неготино

„Живи фосили и ендемити од Охридско Езеро” е насловот на изложбата која е отвоена синоќа ...