Општина Тетово започна да ги остранува незаконски поставените тезги – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Општина Тетово започна да ги остранува незаконски поставените тезги

Од денеска Општина Тетово започна да ги остранува незаконски поставените тезги, маси и слично, поставени на јавните површини. Акцијата е дел од проектот Твој град, твоја јавна површина.

Во Тетово започнаа да се ослободуваат тротоарите, улиците и другите јавни површини од тезги маси и слично, кои подолг период ги имаа узурпирано овие јавни површини. Акцијата е дел од проектот твој град твоја јавна површина.

Од носителот на проектот локалната самоуправа велат, дека сите сопственици на деловни објекти претходно биле известени и им се дало рок од 8 дена да ги тргнат работите, кои незаконски го узурпирале просторот.

На профилот на градоначалничката на Тетово Теуат Арифи на социјална мрежа Фејсбук беа објавени фотографии, според кои на делови од Тетово било постапено според насоките на инспекциските служби.

„Сопствениците на продавниците соработуваа со општинските инспектори и во согласност со нивните барања и го остранија стоките, материјалите и инвентарот од тротоарите и зелените површини“ беше истакнато на социјалната мрежа.

На терен се уште по јавните површини има незаконски поставени тезги. Од канцеларијата за односи со јавност, ни изјавија дека за акцијата и ефектите од неа ќе биде дополнително информирана јавноста.

Целта на проектот според нив е да се подогне свеста за јавната чистота, а јавните површини да бида слободни за да не мораат инспекторите да употребуваат казнени мерки кои би удриле по џебот на трговците.

Автор: Зоран Димовски

Би те интересирало и

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука – 22 ноември. Ова го предвидуваат ...

Прифатени измените на Изборниот законик, ќе се бира привремен состав на ДИК

Собранието денеска во продолжение на 46. седница го донесе Предлог на закон за изменување на ...