Општина Тетово најави завршница и отпочнување на неколку проекти, кои во градот се одолговлекуваа неколку децении

Ќе се реконструира една од најоштетените улици во Тетово, Гоце Делчев кој поминува од православните гробишта до Соборниот храм Свети Кирил и Методиј, одлучи денеска советот на Општина Тетово на денешната педесета седница по ред.

За таа цел се донесе одлука за измена и уредување на градежно земјиште, односно подредаавње на работите на терен по приоритет, без да се смени износот на најавените проекти, рече претседателот на Советот на Општина Тетово Исен Џемаили.

На седницата на советот на Општина Тетово присустуваше градоначалничката Теута Арифи, која најави завршница на неколку инфраструктурни проекти

– За петнаесетина дена треба да се заврши поврзувањето и вклучувањето во електричниот систем на пречистителната станица по што ќе биде пуштен во функција. Што се однесува до капелата на православните гробишта во Тетово, објектот треба да биде завршен во септември, рече градоначалничката на Тетово Теуат Арифи.

Проектите кои ги наведе Арифи се одолговлекуваа подолг период. Пречистителната станица е дел од проектот нов тетовски водовод, кој се гради две децении, инвестиционен зафат, кој го следеа многу афери и судски процеси за проневера. Капелата за православните гробишта во Тетово, започна да се гради пред две години, но градежните активности за нејзина изградба запреа лани, затоа што Општината не ги подмируваше долговите кон приватната фирма која го градеше објектот.

Би те интересирало и

Запрена е изградбата на шестоседот на Попова Шапка

Компанијата ЕЛЕМ, која стопанисува со скијачкиот центар Попова Шапка започнала да гради жичница на центарот, ...

Министерството за правда достави барање до судот за подготовка на документите за екстрадиција

  Министерството за правда попладнево соопшти дека доставило барање до надлежниот суд во Скопје за ...