Освежителен напиток од лубеница кој можете да го направите дома – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Освежителен напиток од лубеница кој можете да го направите дома

Во текот на летниот период ништо не освежува подобро од вода. Но, ако зборуваме за овошје, тогаш на прво место сигурно би ја ставиле лубеницата. Во прилог е предлог за тоа како можете да ја искористите токму неа, но за да направите максимално освежителен напиток.

Состојки

-околу 2 килограми лубеница  со извадена кора и семки

– 2 лажици рендан ѓумбир

-2 лажици лимонов сок

-листови од свежо нане

-коцки мраз

Начин на подоготвка

Лубеницата, ѓумбирот и сокот од лимон ставете ги во блендер. Блендирајте додека не добиете мазна смеса. Додадете шеќер доколку сакате да биде повеќе благо, иако подобро би било овој пијалок да го конзумирате без него. На крајот исцедете и сервирајте. За  поголем освежителен ефект, но и за поинтересен вкус, додадете коцки мраз, комбинирани со листови од свежо нане.

 

Би те интересирало и

Нагло зголемен бројот на нови мигранти во Грција

  Бројот на мигранти кои пристигнуваат на грчките острови е двојно поголем –  грчкиот министер ...

Евакуиран францускиот остров Мон Сен Мишел

Островот во Ламанш, Мон Сен Мишел, денеска е евакуиран поради закана кон полицијата од страна ...