Османи: Главната пречка со СДСМ е надмината, останува усогласувањето на изборните програми

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи денеска од партиското седиште изјави дека вчеравечер претседателството на ДУИ го усвоило текстот на законот за албанскиот јазик кој подоцна би се гласал во Собрание. Тој додаде дека завршена е една главна фаза од преговорите и дека од утре почнуваат разговори за усогласување на другите точки од платформата.

На новинарско прашање дали договорот ги задоволува желбите на Албанците и дали тој излегува од Уставот, Османи вели: „Совршени решенија нема, особено во правото, но ние сметаме дека ова е оптимално решение кое го затвора единственото нерешено прашање од Рамковниот договор во делот на донесувањето закони. Сметаме дека неговото донесување ќе биде историски момент, затоа што се оставило 15 години отворено тоа прашање и ќе значи затварање на една тема која ќе ги релаксира меѓуетничките односи и ќе донесе прогрес на државата“.

Во однос на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дадена денеска од Сараево дека несогласувањето околку главните прашања се надминати и дека Македонија треба да очекува влада за 10-15 дена, Османи изјави дека она што се случило вчера и надминувањето на една важна препрека, незначи по автоматизам поддршка за формирање на влада и дека има и други прашања кои треба да се разгледаат.

„Усогласувањето на програмите на владеење, односно изборните програми е потребно, како што вели, ако двете партии решат да влезат во заедничка влада“, вели Османи.

Преземено од: МКД.мк

Би те интересирало и

Во Кривичен суд денеска рочиште за „Триста“

  Во скопскиот Кривичен суд денеска ќе се одржи рочиште за предметот на СЈО, „Триста“. ...

Во декември заедничка владина седница меѓу Албанија и Македонија во Подградец

Македонија и Албанија се земји со слични предизвици и меѓусебната соработка само ги потврдува пријателските ...