Османи му го предаде на Жбогар деталниот извештај за реализацијата на Планот 3-6-9 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Османи му го предаде на Жбогар деталниот извештај за реализацијата на Планот 3-6-9

 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Осман  во пресрет на утрешното излегување на извештајот за состојбите и напредокот на Република Македонија, му го предаде на евроамбасадорот Самуел Жбогар финалниот фактографски извештај за реализација и имплементација на реформите од планот 3-6-9.

„Реализиравме преку 90% од предвидените реформи во планот 3-6-9 и 100% од неговата суштина. Планот ја постигна својата цел и ја врати земјата на евро-атланскиот пат“, истакна Османи при предавањето на извештајот на евроамбасадорот Жбогар. Тој додаде дека согласно испорачаните резултати, очекува убави вести утре од Брисел за Македонија, при претставувањето на извештајот на Европската комисија за земјава.

Планот 3-6-9 беше усвоен во јули минатата година, по изгласувањето на новата Влада, чија цел беше одмрзнување на реформскиот процес во Република Македонија и враќање на државата на евро-атланскиот пат.

Делот три беше финализиран со одржувањето фер, слободни и кредибилни избори во ноември минатата година, додека делот шест заврши со излегувањето на стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан 2025.

Периодот за имплементација на делот девет, т.е. на целиот план 3-6-9 истекува утре, 17 април, со објавување на извештајот на Европската комисија за состојбите и напредокот на земјава. За таа цел, вечерва точно на полноќ деталниот фактографски извештај за имплементацијата на планот 3-6-9 ќе биде објавен на веб-страницата на Секретаријатот за европски прашања.

 

Би те интересирало и

Дигитален самит на земјите од Западен Балкан: Владите, заедно со новинарите, медиумите и граѓаните, треба да бидат на чело на фронтот против лажните вести

Агендата на еден од најголемите регионални настани за оваа година – „Дигиталниот самит за земјите ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за неспособно раководење на АД ЕЛЕМ, оттаму тврдат дека целта не е профит по секоја цена

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека раководството на АД ЕЛЕМ е неспособно да менаџира со природните ...