Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лицето кое застрела гостин на свадба

Осомничениот на ден 25 јули во 22.45 минути, додека присуствувал на свадбена веселба, извадил од појас пиштол марка SMIT I VESON и со умисла испукал еден куршум со кој го погодил сега починатиот Б.Х. , државјанин на Република Германија.

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторени две кривични дела и тоа Убиство од член 123 став 1 и Неовластено  изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачи материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи, па до Основниот суд Куманово достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Предлогот беше прифатен од страна на судот, кој со Решение на осомничениот му определи притвор во времетраење од триесет дена.​

Би те интересирало и

За една година СВР Тетово има дарувано двесте единици крв

Секторот за внатрешни работи Тетово, успешно ја организираше последната крводарителна акција планирана за годинава. Вработените ...

Љубе Бошковски: Во Македонија мора да се врати критичката свест

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски вчера во Прилеп присуствуваше на отворањето на нови ...