Осудениот полицаец за убиството на Нешковски на распит во СЈО – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Осудениот полицаец за убиството на Нешковски на распит во СЈО

igor_spasov-610x400

Поранешниот полицаец, Игор Спасов кој е осуден за убиство на Мартин Нешковски, утринава под силно полициски обезбедување е донесен на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Ова е трети по ред распит на Спасов кој веќе ја отслужува казната во затворот „Идризово“. Сепак, од СЈО не соопштуваат детали, заради тајноста на предистражната постапка.

Мартин Нешковски беше убиен вечерта на 5 јуни 2011 година, за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на тогашните парламентарни избори. Игор Спасов за убиството на Нешковски е осуден на казна затвор во траење од 14 години.

Би те интересирало и

Фатен бегалец од штипскиот затвор кој два месецa оперирал во беровската населба Абланица

Беровската полиција фати бегалец од штипскиот затвор кој во период од два месецa, додека се ...

Двајца бугарски државјани повредени во сообраќајка кај Крива Паланка

Сообраќајна незгода на магистралниот пат Крива Паланка-граничен премин „Деве Баир“ се случила синоќа во  01.15 часот. До ...