Отворање на 24. Интернационална кичевска ликовна колонија

Во Куќата на уметноста во кичевското село Кнежино денеска ќе биде отворена 24. Интернационална кичевска ликовна колонија, која ќе трае до 22 јули.

На колонијата ќе учествуват 24 еминентни ликовни уметници, академици и професори од  Кина, Индија, Романија, Хрватска, Турција, Казахстан, Албанија, Косово, Иран, Бугарија, Црна Гора, Србија, Кипар, Египет и Македонија.

Целта на Колонијата во Кнежино е да го поттикнува, развива и унапредува ликовното творештво, да ги збогатува постојните ликовни фондови со нови современи уметнички творби.

Колонијата се одржува 24 години во континуитет и во нејзини рамки досега се создадени над 1300 уметнички дела, а во депото во Куќата на уметноста има над 900 дела од светски познати мајстори.

Би те интересирало и

Светска премиера во Пекинг на композиција од Дарија Андовска

Во рамките на China CEEC Cultural Season- Music Dialog and Cooperation 2017, на 13 октомври, ...

Десет години без Тоше, наскоро нов албум со негови песни

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред десет ...