Откриени тајни документи: Барса на Нејмар заработила само 17 милиони евра – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Откриени тајни документи: Барса на Нејмар заработила само 17 милиони евра

Барселона за продажбата на Нејмар заработила помалку од она што јавноста го мисли. Имено, Барселона за продажбата на Нејмар од 222 милиони остварила заработка од само 17 милиони евра!

Ова денес го откри еминетниот „Мундо Депортиво“, на основа на документите кои таткото на Нејмар ги дал на увид на судењето во Бразил.

Имено, иако на почетокот се мислеше дека Нејмар пристигна на „Камп Ноу“ за 57 милиони, подоцна Барселона потврди дека Бразилецот бил платен 86 милиони евра.

Меѓутоа, според новите истражувања на документацијата се чини дека и таа сума не е вистинита. Таткото на Нејмар ги понуди документите кои откриваат дека Барселона за Нејмар платила 134 милиони евра, но сумата била криена за да плати помала провизија на „DIS“.

„DIS“ е агенција која поседуваше 40% од сопственоста на Нејмар, па после продажбата ја обвини Барселона, Сантос и таткото на фудбалерот дека намерно ја сокриле цената од трансферот за да им платат помалку пари нив.

Кога на висината од трансферот ќе се пресмета платата која Нејмар ја имаше во Барселона се доаѓа до сума од 205 милиони евра, колку што Каталонците потрошиле на Бразилецот.

Тоа значи дека со астрономската продажба на Нејмар во ПСЖ, Барселона заработи само 17 милиони евра!

Преземено од: Sportski.mk

Би те интересирало и

Ренова и Силекс ремизираа без голови во Тетово

Ренова и Силекс одиграа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска ...

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни ...