Откриени 900 килограми дрога на албанското крајбрежје

Албанската полиција во понеделниот утрото откри и заплени 900 килограми дрога во близина на Валона, на познатата плажа Зврнец. Во акцијата на полицијата се уапсени шест лица, сите албански државјани, кои биле откриени во моментот кога дрогата од две возила се преместувала во еден голем моторен чамец.

Според првичните информации дрогата од албанското крајбрежје трабала да биде шверцувана во Италија. Деновите Италија побара од Албанија  да превземе поригорозни мерки за спречување на производството и шверцот на дрогата кон Италија.

Според италијанската полиција, во последните три години шверцот на дрога од Албанија кон Италија е зголемен за три пати. Само во почетокот на оваа година албанските и италијанските власти запленија над 20 тони дрога, произведена во Албанија од типот „канабис сатива“, односно марихуана.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Грција и денеска заробена од лошото време

Во Грција и денеска ќе продолжи лошото време проследено со поројни дождови и силен ветар, ...

Дожд и бура и денеска во Грција, најавуваат метеоролозите

Грчката Национална метеоролошка служба и за денеска најави дожд и бура во земјата. На места бурата ќе ...