Откриен ензим за побрзо распаѓање на пластиката – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Откриен ензим за побрзо распаѓање на пластиката

Научниците од Универзитетот Портсмут создадоа ензим кој може да ја раствори пластиката на нејзините хемиски делови.

Ензимот ПЕТасе потекнува од бактерии кои беа пронајдени во постројка за рециклирање во Јапонија и кои можат да „јадат“ пластика. Научниците од Универзитетот Портсмут, Англија, го проучуваа ензимот и заклучија дека е сличен на ензимот кутиназа. Кутиназата може да го раствори заштитниот слој на растенијата – кутикулата. Научниците соопштија дека го менувале ПЕТасе ензимот за да го направат посличен на кутиназата. Притоа забележале дека тој „мутира“ и може многу подобро да ја „свари“ најраширената пластика – ПЕТ.

Џон Мекгиан, раководител на истражувачкиот тим од Универзитетот Портсмут, вели:

„Откривањето на ензимот е извонредно. Нешто што може да јаде пластика која нормално се распаѓа за 400 години. Бактеријата почнува да ја јаде пластиката за неколку дена. Ние го екстрахиравме ензимот од бактеријата и го развивме во лабораторија. Сега ПЕТ-пластиката може да се свари за неколку дена, многу побрзо отколку во природата. Сега, кога сфаќаме како функционира, можеме да направиме ензим побрзо и така можеме да имаме индустриски процес.“

Извор: DW

Би те интересирало и

Умерен земјотрес во Турција, 13 лица повредени

Најмалку 13 лица се повредени во денешниот земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата ...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат како ди- џеј Авичи, не покажале ...