Откриен нов орган во човековото тело

nov-organ

Научниците идентификуваа нов орган во нашиот организам што се наоѓа во дигестивниот систем на човекот. Името му е мезентериум.

Со проучување на мезентериумот би требало подобро да се разбере и лечат болестите на абдоменот и дигестивниот систем.

Долго се мислело дека овој дел од човековото тело е комплексна структура, но последните истражувања утврдиле дека всушност тоа е еден целовит орган, постојано тело. Веста за неговото откритие е објавена во магазинот „The Lancet Gastroenterology & Hepatology“.

Анатомскиот опис на овој орган, стар повеќе од 100 години се покажал како неточен, а докторите сега имаат предизвик пред себе – да ја утврдат точно функцијата на новиот орган.

Мезентериум всушност е двослоен вреќест превој на перитонеум кој го прицврстува цревото за постериорниот абдоменален ѕид.

Би те интересирало и

Трамп ѝ нареди на НАСА да ги врати луѓето на месечината

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ нареди на НАСА да испрати повторно Американци на месечината ...

Франција се подготвува да ги забрани мобилните во основните училишта

Француската влада најави забрана за мобилни телефони за учениците во основните училишта. Всушност, децата ќе ...