Откупени 24,4 милиони килограми тутун

Откупот на тутунот е во завршна фаза. До вчера се преземени 24,4 милиони килограми, а просечната цена е 196,80 денари – соопшти денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски.

„До овој момент нема никакви проблеми со текот на откупот. Се надеваме дека многу скоро ќе биде откупен и посleдниот килограм од реколтата 2016“, истакна Трипуновски на прес-конференција на која го најави воведувањето нови фито сертификати за поголема заштита на домашното производство.

Крајниот рок за откуп на тутунот е 15 март 2017 година. Според производителите, родот е со одличен квалитет поради што и цената е повисока, а субвенциите изнесуваат 60 денари за килограм.

Додади коментар

Би те интересирало и

Приврзаниците на „За заедничка Македонија“ ноќта ќе ја поминат во шатори пред Собранието

Откако влегоа насилно во Собранието, приврзаниците на „За заедничка Македонија“ почнаа да поставуваат шатори пред ...

Собранието испразнето, полицијата ги проверува просториите

Полицијата вечерва ја испразни собраниската зграда. Светлата во законодавниот дом се изгаснати. Пред сите влезови ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger