Охрид: За две недели регистрирани се повеќе од 800 земјотреси – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Охрид: За две недели регистрирани се повеќе од 800 земјотреси

Повеќе од 800 земјотреси го погодиле Охрид и околината за десет дена, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Серијата на земјотреси започна на 18 јуни и до денес 29 јуни, регистрирани се повеќе од 800 земјотреси, од кои повеќето слаби со Рихтерова магнитуда помеѓу 1 и 2 степени. Со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 беа регистрирани 31 земјотрес, а со магнитуда поголема 3 беа регистрирани 4 земјотреса“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Најсилниот земјотрес се случи на 20 јуни во 15 часот и 10 минути. Тој беше со Рихтерова магнитуда 3.6  и беше почувсвуван во епицентралното подрачје со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Од утринава регистрирани се 10-тина земјотреси кои се почувствувани во епицентралното подрачје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

„Тврдокорните“ протестираа против Законот за јазиците

  „Тврдокорни“ , „Македонските обединети сили“ и уште неколку здруженија, денеска протестираа пред македонското собрание ...

Бачев ќе ги поништува документите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

„Народното движење за Македонија на денешниот конгрес, одлучи да се преимени во „Единствена Македонија“. Избрани ...