Охриѓани во паника, се шират вознемирувачки вести и најави

Охриѓани се во паника, некој шири, а многумина наседнуваат на вознемирувачки вести и предупредувања. Последната е во наредниве два часа сите да излезат на отворено. Наводно, хотелиерите им советувале на гостите да излезат надвор, што е тотална лага.

Лесноверните, сепак, се надвор, меѓу нив и вработени од институции. Информаците за создавање паника, најверојатно, ги шири некоја група која сака да изврши кражби и се облечени во опрема на Црвениот крст, кој во меѓувреме ги информираше граѓаните да бидат претпазливи.

Митко Темелкоски, директор на Регионалниот центар за управување со кризи, се обрати до дописникот на Макфакс од Охрид да пренесе дека нема никаква основа за паника, никој официјално ништо не соопштил затоа што никој ниту предвидел, ниту може да предвиди што ќе се случи во наредниве два часа.

Психозата е создадена, најверојатно, поради временската дистанца, односно вчерашниот најсилен земјотрес, по 13 часот.

Дека најавите за силен земјотрес во Охрид се невистини и дека не треба да се наседнува на создадената психоза, пред малку за А1 он говореше и директорот на Институтот за инжињерство и инжињерска сеизмологија, Михаил Гаревски.

Според него, таа вест ја пуштил некој кој нема никаква поврзаност со сеизмологија.

„Од мое 40-годишно искуство, типични се паниките, не еднаш, кога има почесто земјотреси некој пренесува дека ете точно во толку часот ќе се случи земјотрес со таа магнитуда. Ниту еден сеизмолог не може тоа да го предвиди“, вели Гаревски.

Тој вели дека сите земјотреси по вчерашниот од 5 степени се афтер шокови и нагласи дека не очекува поголем земјотрес.

Би те интересирало и

Момче удри во три возила, тројца повредени

Дваесетидвегодишниот Б.Ј. од скопското село Сопиште, управувајќи патничко возило „Пежо 206“, удрил во три паркирани ...

Возач загина во сообраќајка во Кочани

Дваесет и деветгодишниот Н.Н. од Кочани загина во сообраќајна несреќа, која се случила изутринава во ...