Очекувана победа на Реал над Еибар – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Очекувана победа на Реал над Еибар

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа очекувана победа во дуелот против Еибар.

На средбата од 9. коло на шпанската Примера, тимот на Реал пред својата публика на „Сантијаго Бернабеу“ го победи Еибар со 3:0.

Домашниот тим поведе во 18. минута благодарение на автоголот на Пауло Оливеира. Десет минути подоцна (28), Марко Асенсио го постигна вториот гол, а конечниот резултат беше дело на Бразилецот, Марсело на осум минути пред крајот (82).

Со трите нови бода и вкупно 20, Реал сега е на третото место зад Барселона која има 25 и Валеснија со 21, додека по „кралскиот тим“ следува Арлетико Мадрид со 19 бода.

Екипата на Еибар е на 16. место со само седум освоени бодови.

Оваа рунда во Примера ќе биде комплетирана вечерва со две средби, Реал Сосиедад – Еспањол и Дерпортиво Ла Коруња – Џирона.

Би те интересирало и

Ренова и Силекс ремизираа без голови во Тетово

Ренова и Силекс одиграа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска ...

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни ...