Оштетен билборд на Вмро Дпмне во Куманово

bilbord

Непознати сторители го оштетиле билбордот на Вмро Дпмне на кој е носителот на листата за пратеници во изборната единица број 2, Никола Тодоров , лоциран на Октомвриска револуција во Куманово. Од општинскиот комитет на Вмро Дпмне , го обвнија СДСМ. Марио Цветковски , кандидат за пратеник вели дека СДСМ е во паника и дека со ваков чин демонстрираат немоќ. Тие ги повикаа институциите да го расветлат случајот. “Ги повикуваме сите надлежни институции , како и меѓународни и домашни организации , а особено Министерството за внатрешни работи да го расветлат и санкционитаат ваквото однесување, особено што министерот е од редовите на СДСМ , задолжен за фер и законско спроведување на изборниот процес” -изјави Цветковски. Од Вмро Дпмне, велат дека СДСМ во Куманово ги вклучило и јавните претпријатија во изборната кампања, а реагираат и на поставените билборди на несоодветни места.

press-bilbord

Од општинскиот изборен штаб на СДСМ од Куманово се оградуваат од обвинувањето на Вмро Дпмне.  Мартин Костовски , претседател на општинската организација на СДСМ вели дека го осудуваат ваков нецивилизиран чин на оштетување на изборен материјал, во случај билборд и вели дека крајно време е да имаат сите цивилизирана изборна кампања. И тој повика институциите да го решат случајот и да ги пронајдат сторителите.



Додади коментар

Би те интересирало и

ДИК дефинитивни резултати за пратеници ќе објави доцна попладнево, ги прегледува записниците

Членовите на Државната изборна комисија сакаат детално да ги прегледаат записниците од сите општински изборни ...

Пат ситуацијата ја заострува кризата

Медиумите на германски јазик известуваат за тесен исход на предвремените парламентарни избори во Македонија, без ...

Close