ОЈО бара мерки за обезбедување на осомничените за трговија со дрога

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднел предлог за изрекување на мерки за обезбедување на присуство на петмина осомничени за трговија со дрога.

„Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за сторени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, поради основано сомневање дека како организирана група неовластено држеле и продавале наркотична дрога – кокаин, пронајдена кај дел од нив при личните претреси и претресите во нивните домови. Кај двајца од осомничените е пронајден и различен вид на муниција што неовластено ја држеле, поради што против нив се води постапка и за сторено кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик“, информира Основното јавно обвинителство.

ОЈО по преземени истражни дејствија во текот на изминатите месеци, за сите осомничени обезбедило материјални и други докази врз основа на кои се темели основаното сомневање за сторените кривични дела.

Како што објавија вчера провладините медиуми, еден од осомничените е Сеад Рахиќ, брат на поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ.

Преземено од НоваТВ

Додади коментар

Би те интересирало и

Сметот од тетовската дива депонија се носи само во скопската депонија Дрисла

Жителите од гостиварските села, кои го блокираат патот кон регионалната депонија Русино велат дека и ...

Централниот регистар ја уплатил ланската добивка на сметка на АД „Бетон“

Добивката која Централниот регистар ја остварил за 2016 година била уплатена на сметката на градежната ...

Close