ОЈО: Двегодишното дете починало од сепса

Основното јавно обвинителство од Охрид соопшти дека го добило Секциониот протокол од извршената судско медицинска експертиза на двегодишното дете кое почина во август годинава на детското одделение во Медицинскиот Центар Охрид.

-Патолошко хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата навлегувајќи во крвта предизвикала сепса. Детето првпат беше примено на 25 август и по препишана терапија пуштено дома. Поради влошување на состојбата истото во два наврати било донесено во охридската болница, последниот пат без знаци на живот, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Охрид.

Би те интересирало и

Вељаноски до неговите колеги: Се доведуваме во незавидна состојба да ги искинеме нашите универзитетски дипломи

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, испрати отворено писмо до неговите колеги во кое укажува ...

Високо загадување на воздухот во повеќе градови

Утринава е регистрирано високо загадување на воздухот во повеќе градови во Македонија. Мерните станици утрово во ...