Павлопулос: Меѓународен договор без уставни измени го прекршува самиот Устав – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Павлопулос: Меѓународен договор без уставни измени го прекршува самиот Устав

Промена на Уставот е предуслов  за решение, но и обврска кон владеењето на правото, затоа што Меѓународен договор без уставни измени носи и одговорност за премиерот на соседната земја – порача грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос.

Тој денеска оствари средба со неговата колешка од Естонија, Керсти Калјулајд, а во своето обраќање на почетокот на средбата рече дека е потребен договор за името со конкретни гаранции што ќе го елиминираат иредентизмот, бидејќи „Грција не може да толерира да постојат иредентистички тензии и прекршување на историјата“.

Но, најважно за Атина, според Павлопулос, е уставната промена.

„Нашата соседна земја треба да го смени Уставот, нејзиниот Устав денес содржи име кое, како што е познато, не е прифатено. Тоа треба да се смени. Оваа промена на Уставот е основен предуслов и знаете зошто е основен предуслов? Затоа што, ние државите членки на Европската унија и на НАТО, сме демократски држави што го почитуваме владеењето на правото. Како да толерираме една држава и нејзиниот премиер да потпише договор и да го ратификуваме овој договор, што е спротивен на Уставот?  Каков пример ќе дадеме? Кон што го туркаме овој премиер? Да склучи Меѓународни договори што го прекршуваат самиот Устав и самиот ќе има одговорност“, рече грчкиот претседател.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, изјавата на Прокопис Павлопулос од Атина и пораките во однос на разговорите за името беа во исто време со средбата на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија.

Би те интересирало и

Бутарис излезе од болница

Како што јави дописничката на МИА од Атина, физичкиот напад врз солунскиот градоначалник го осудија ...

Ѓукановиќ ја презеде функцијата претседател на Црна Гора

Мило Ѓукановиќ денеска во Цетиње положи заклетва и официјално ја презеде функцијата претседател на Црна ...