Падна дел од мотор на авион среде лет над Атлантски Океан

Авион на авиокомпанијата Air France на лет од Париз за Лос Анџелес морал да биде пренасочен откако паднал дел од моторот додека летал над Атлантскиот Океан.

Еден од четирите мотори на авионот Airbus A380 откажал над западниот дел на Гренланд на вчерашниот лет. Во инцидентот нема повредени, но патниците биле задржани во авионот неколку часа по слетувањето.

Авионот превезувал 496 патници и 24 членови на екипажот.

Патниците слушнале силна бучава и почувствувале тресење, што предизвикало паника во кабината. Многумина помислиле дека авионот ќе се сруши.

Сепак, авионот се стабилизирал по 30-тина секунди откако пилотите го исклучиле расипаниот мотор. Летот продолжил со три мотори уште еден час и потоа авионот слетал на аеродромот Гус Беј во Лабрадор, Канада.

На фотографиите што ги снимиле патниците се гледа дека целосно е уништено куќиштето на моторот и има помали оштетувања на крилата.

Патниците уште долго време по слетувањето останале во авионот бидејќи аеродромот на кој принудно слетале не бил опремен да прими Airbus A380, а подоцна го продолжиле патувањето откако стигнале два авиони на истата авиокомпанија.

Air France соопшти само дека се работи за „сериозно оштетување“ и дека екипажот на лет одлично се снашол во оваа ситуација.

Превземено од: Кајгана

Би те интересирало и

Северна Кореја забрани забави со музика и алкохол

Северна Кореја создаде систем во кој државните медуми секојдневно информираат за економските проблеми со кој ...

Хаг пресуди : Доживотен затвор за Ратко Младиќ

Хашкиот трибунал денеска му изрече доживотна казна затвор на поранешниот воен командант на босанските срби ...