Внимавајте на оваа голема Фејсбук измама – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Внимавајте на оваа голема Фејсбук измама

Ако имате Facebook профил, тогаш вие сте новата потенцијална жртва на новите напади, кои изгледаат реално и професионално изработени.

Ако добиете порака дека „имате проблем со логирањето“, кога сакате да се логирате, ќе ви дадат опција за да кликнете врз неа за тие да ве логираат. Не наседнувајте, оти сигурни сме дека некој се обидува да ви го хакира профилот.

Поентата на оваа измама е тоа што ќе се логирате на некоја друга веб страница, која речиси идентично изгледа како Facebook. Таму ќе ви го побараат мејлот и лозинката, кои дефинитивно ќе ви ги снимаат и подоцна ќе ве хакираат. Измамата делува многу реално, внимавајте што правите

Би те интересирало и

Странците ги издвоија десетте најубави македонски јадења

Македонското тавче-гравче, ајварот и мусаката, како и неколку други традиционални македонски јадења, се промовирани на ...

Зелените и црвените човечиња од семафорите во Тајван добија девојки

Новите семафори за црвено прикажува анимиран маж како запросува девојка, а за зелено прикажува двојка ...