Пакетчиња за социјално загрозените дечиња од ромска националност – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Пакетчиња за социјално загрозените дечиња од ромска националност

raman demirov

Десетина деца од ромски социјално загрозени семејства ќе добијат пакетчиња од Радио Мрежа Канал 77, како подарок за Новата 2017 – та. Пакетчињата веќе се подарени на Здружението „Сао Рома“ коа ќе се погрижи пакетчињата да стигнат до вистинските раце.

Претседателот на ова Здружение, Раман Демиров изрази благодарност за донацијата: „На 29-ти декември ќе има манифестација во Домот за култура Ацо Шопов, каде ќе бидат подарени пакетчињата кои се донирани од повеќе места меѓу кои и Канал 77“. Демиров ни сподели дека за оваа акција се обратил до повеќе бизнисмени и политичари, кои одбиле да излезат во пресрет, притоа споменувајќи и искористувајќи ја нивната партиска определеност, но и предвремените парламентарни избори во Македонија.

Сепак, се’ уште постојат хумани луѓе кои решиле да го прифатат барањето на Здружението „Сао Рома“  според своите можности. Радио Мрежа Канал 77 како општествено одговорна компанија се приклучи кон уште една акција со која ќе се измамат насмевки на лицата на најмалите.

Би те интересирало и

Видео-репортажа и галерија од карневалот „Ратевски бамбурци“

Кратка репортажа од традицијата и случувањата од десетото издание на малешевскиот карневал „Ратевски бамбурци“.

„Дедо Мраз сакам нешто да ти кажам“, по трет пат на Канал 77 (видео+галерија)

Промо тимот на Радио Канал 77, по трет пат го реализираше проектот „Дедо Мраз сакам ...