Паника на филмскиoт фестивал во Кан: Дојава за бомба

Посетителите и учесниците на филмскиот  фестивал во Кан се евакуираат поради порака дека има поставена бомба. Информацијата се шири на социјалните мрежи, од луѓе кои во моментов се наоѓаат на местото на настанот.

Според нив евакуацијата е од сериозен обем и веќе илјади лица го напуштиле комплексот, каде се одржува фестивалот.

“Евакуирани се лицата од театарот “Дебиси “. Дали не станува збор за опасност од експлозија?” Прашува еден Французин, кој на својот Твитер профил објави и фотографија од евакуација.

“Има пораки за опасност од експлозија на фестивалот во Кан. Зрадата е испразнета. Внатре  е пронајден  сомнителен пакет. На место работат соработници на безбедноста и полицајци со кучиња”, соопштува британски новинар.

Засега нема официјална информација за тоа што се случува во Кан, недостигаат и податоци за степенот на опасноста.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

И советничката за односи со јавноста го напушти Трамп

Советничката на Трамп за односи со јавноста, Омароса Маниголт Њуман, поднесе оставка. Според Белата куќа, ...

Бездомник исчезнал со 300.000 евра oд парискиот аеродром

„Совршено злосторство“ – вака француските медиуми го опишуваат случајот со бездомникот што исчезнал со 300.000 ...