Париз изгуби 1,3 милјарди евра од туризмот поради терористичките напади

Главниот град на Франција во текот на 2016 година изгубил 1,5 млиони туристи поради терористичките напади, протести, нереди, поплави кои ги обесхрабриле туристите, пренесува парискиот весник “20 Minutes“ повикувајќи се на податоци на регионалното Здружение на туристи.

Се проценува дела Париз лани изгубил 1,3 милјарди евра како резултат на помалиот број на туристи.
Париз и околната бележат пад на ноќевањата во хотели за 4,7% во однос на 2015 година.

Минатата година според Здружението на туристи во Париз е намален бројот на туристи од Јапонија за дури 41,2% односно за 225.000 туристи помалку споредено со 2015 година, а од Кина има намалување на бројот на туристи за 21,5%.

Европските туристи исто така помалку го посетувале Париз. За 26,1% е намален бројот на туристи од Италија, за 8,6% од Велика Британија и за 9,9% помалку туристи од Шпанија.

Русија исто така “пратила“ помалку туристи во Париз, а нивниот број е намален за 27,6% во 2016 година.

Париз просечно годишно го посетуваат околу 30 милиони туристи и овој град е еден од најпосетените туристички дестинации во светот.

Франција во 2015 година и 2016 година беше погодена од серија терористички напади во кои загинаа 238 лица и неколку стотини беа ранети.

Извор: еМагазин

Додади коментар

Би те интересирало и

Македонија досега изгубила 119 милиони евра од ИПА фондовите – Во ризик дополнителни 33 милиони

  Вкупно 614 милиони евра и’ биле ставени на располагање на Република Македонија за реализација ...

НБРМ: Раст на потрошувачките и станбените кредити, пад кај автомобилските

Кредитирањето во јули годинава бележи раст од 0,3 проценти, кое се должи на зголеменото кредитирање ...

Close