Парламентарните избори во Унгарија закажани за 8. април – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Парламентарните избори во Унгарија закажани за 8. април

Претседателот на Унгарија, Јанош Адер ги закажа за 8 април парламентарните избори во државата.

Предизборната кампања почнува на 17 февруари, по што 7,9 милиони гласачи ќе треба да одлучат кој ќе седне на 199-те пратенички места во парламентот.

До 5 март, потенцијалните кандаити во изборните единици мора да соберат најмалку по 500 потписи на граѓани. Според досегашните анкети, владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан има предност над опзоициската Јобик, додека далеку зад нив се социјалистите.

Би те интересирало и

ОН: Светот рапидно се затоплува

Трите последни години се најтопли откако се мерат температурите на воздухот. Темпото на раст на ...

Чешка: Парламентот му го одзеде имунитетот на премиерот Андреј Бабиш

Долниот дом на Парламентот во Чешка денеска му го одзеде имунитетот на премиерот, Андреј Бабиш ...