Парламентот ќе расправа за новата влада, гласањето до утре на полноќ

Парламент денеска во 11 часот ќе ја почне расправата за составот и програмата на новата влада чиј мандатар е претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Според Деловникот за работа на Собранието, мандаторот Заев ќе има обраќање пред пратениците по што ќе следува претресот. Редоследот на говорите на пратениците и седењето во собраниската сала беше договорен на вчерашната координативна седница со претседателот на Парламентот, Талат Џафери. На оваа седница не присуствуваше претставник од ВМРО-ДПМНЕ.

За изборот на новата влада пратениците треба да гласаат најдоцна до среда на полноќ, а за неа треба да се изјаснат најмалку 61 пратеник во 120-членото Собрание. Партиите од новата владина коалиција СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците во Парламентот имаат поддршка од 62 пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на седницата за избор на нова влада.

Преземено од: ПлусИнфо

Додади коментар

Би те интересирало и

Новинарите и понатаму се соочуваа со пречки во однос на слободниот пристап до информации од јавен карактер

Или не добиваат информации, а ако ги добијат чекаат по месец и половина. Со вакви ...

Захариев реагираше по кривичната пријава: Во овие 4 години работев законито и одговорно

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев реагираше по веста дека полицијата му поднела кривична пријава. Тој ...

Close