Партиите до полноќ треба да ги достават предлозите за членови на избирачки одбори – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Партиите до полноќ треба да ги достават предлозите за членови на избирачки одбори

DIKKKK

До ноќеска на полноќ, политичките партии до општинските изборни комисии (ОИК) треба да достават предлози за членови на избирачките одбори (ИО) и нивни заменици, заради формирање односно евентуално дополнување на ИО со нови членови и заменици.

Ваквата обврска е во согласност со Роковникот на Државната изборна комисија (ДИК) за спроведување на предвремените парламентарни избори на 5­ти следниот месец.

Од ДИК тврдат дека испратиле соопштение и оти се јавуваат во општинските изборни комисии за да им укажат дека денеска ќе треба да ги чекаат предлозите на политичките партии.

Би те интересирало и

„Тврдокорните“ протестираа против Законот за јазиците

  „Тврдокорни“ , „Македонските обединети сили“ и уште неколку здруженија, денеска протестираа пред македонското собрание ...

Бачев ќе ги поништува документите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

„Народното движење за Македонија на денешниот конгрес, одлучи да се преимени во „Единствена Македонија“. Избрани ...