Патниците од првата класа на „Титаник“ биле попривилегирани дури и по смртта

Капетанот на спасувачкиот брод „Мекеј-Бенет“ сакал од морето да спаси што е можно повеќе тела на загинатите патници од „Титаник“, без оглед во која класа патувале, но кога видел дека неговото пловило е многу мало за сместување на сите 334 пронајдени тела, го сменил мислењето и биле исфрлени повеќе од сто останки на припадниците на пониските сталежи, кои никогаш не биле пронајдени.

Ова го тврди историчарот Чарлс Хас од Њу Џерси, кој со години проучува што се случило со бродот „Титаник“ во неговите последни часови. Тој овој заклучок го извел врз основа на телеграмите што капентанот Фредерик Ламдер ги испратил од „Мекеј-Бенет“ до компанијата сопственик на „Титаник“, „Вајт Стар Лајн“.

Според Хас, откако увидел дека „Мекеј-Бенет“ не ќе може да ги прифати сите тела, капетанот наредил од бродот да бидат исфрлени телата на патниците од третата класа, за да има место за оние од првата и втората класа, кои, според него, имале „повеќе права на достоинствен погреб“.

Како што објави „Елит дејли“, од бродот во водите на Атлантскиот Океан вкупно биле исфрлени 116 тела, меѓу кои и на дел од членовите на екипажот на „Титаник“.

– Оваа колекција телеграми открива детали колку било комплицирано се во врска со тој брод. Јасно се гледа под колкав стрес биле сите кои биле вклучени во спасувањето. Во првите телеграми пишува дека апсолутно сите тела кои се на спасувачкиот брод мораат да бидат спасени, а подоцна дека спасителите детално направиле попис на сите пари и имот најдени кај починатите и дека предлагаат „погреб в море“ за дел од нив – вели историчарот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Беса бара СЈО до петок да ги отвори случаите Сопот и Монструм

Партијата Беса попладнево побара од Специјалното јавно обвинителство да ги покрене случаите „Сопот“ и „Монструм“ ...

Дивата депонија во Тетово се уште се пали.

  Тетовската дива депонија каде комуналното претпријатие го претовара сметот и натаму се пали. Облачи ...

Close