Патриотите од протестот „За заедничка Македонија“ ја нападнаа екипата на А1он

Снимателот, Владимир Желчески и новинарот, Александар Тодевски од порталот А1он биле претепани од страна на учесници на денешниот протест  пред Собранието на Македонија – пренесува Призма.мк

Фотографиите од пристигнувањето на Брзата помош првично почнаа да се шират на социјалните мрежи, а информацијата ја потврди главниот уредник на А1он, Предраг Петровиќ.

„Учесници на протестот од грб ја нападнале екипата со боксови по глава и со клоци. Им ја одзеле камерата, ја фрлиле на земја, почнале да ја шутираат и целосно ја уништиле. Веднаш била повикана Брза помош и во моментов двајцата се во Ургентиот центар и им се вршат испитувања“, потврди Петровиќ.

Фотографите кои биле во близина и го следеле настанот успеале да направат фотографии од напаѓачите и од двајцата новинари кои по нападот, лежат на земја.

Иницијативата „За заедничка Македонија“ чија цел, според организаторите, е да се зачувува унитарноста на државата, трае втор ден. На маршот учествуваат членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и директори на државни институции.

 

Извор: www.prizma.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Скопје пронајден мртов пробиштипјанец со расекотина во вратот

Седумдесет и осумгодишен маж од Пробиштип синоќа е пронајден мртов на улицата „Антон Панов“ во ...

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Close