Пациент во душевната болница во Негорци по пошта си добил марихуана и дијазепам – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Пациент во душевната болница во Негорци по пошта си добил марихуана и дијазепам

Четириесет и четиригодишниот, Б.Б. од струмичкото село Василево заработи кривична пријав поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 23. септември минатата година во Јавна здравствена установа – Психијатриска Болница Негорци, при извршена проверка на поштенска пратка, наменета за пријавениот, пронајдена е кутија во која имало зипер ќесе исполнето со 4,06 грама марихуана и 15 таблети диазепам – соопшти денеска МВР.

Би те интересирало и

Маж тешко повреден во сообраќајка на локалниот пат село Грешница – Кичево

Четириесет и четиригодишен маж од селото Грешница се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна ...

Приведен крадецот кој ограби аптека во Маџари

Пронајден и приведен е разбојникот кој со закана со пиштол на почетокот на овој месец ...