Педесетте најбарани документи од граѓаните и од фирмите ќе бидат достапи електронски

Индустријата на информациски и комуникациски технологии е предвесник на општествените промени, но на македонскиот пазар нема доволно стручни кадри од оваа област. Ова е ставот на ИКТ комората, од каде бараат владата да обезбеди услови за домашните компании да бидат конкурентни со странските.

-Вработени со долго искуство напуштаат компании барајќи си ја среќата во странство, други пак, кои остануваат овде, се вработуваат во фирми кои претставуваат странски претставништва – вели претседателот на ИКТ комората, Саша Огненовски.

„Свесни сме дека поради регулативата на ЕУ не можеме да имаме некаква предност пред компаниите од ЕУ, но владата може да создаде услови овие компании да бидат доволно квалификувани и ќе добијат таков капацитет да им бидат конкурентни на странските компании“, додава тој.

ИКТ комората веќе имала неколку средби со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, каде разговарале за можните решенија.

Тој најави низа мерки со кои ќе се задржат кадрите, односно ќе се претквалификуваат и доквалификуваат ИТ професионалците.

„Ќе го зголемиме бројот на услуги кои ги нудиме преку проектот Е-услуги. Педесетте најчесто барани документи од фирмите и од граѓаните ќе бидат достапни по електронски пат. Владата најавува воведување на даночни олеснувања за сите ИКТ компании, што извезуваат софтвер и услуги со цел нови вработувања, зголемен девизен прилив и градење нови outsourcing ИТ компании“, истакна Манчевски.

Додади коментар

Би те интересирало и

Анѓушев: Субвенциите за инвеститорите ќе зависат од висината на нето платата

Финансиските олеснувања кои од државата ќе ги добиваат како домашните, така и странските инвеститори ќе ...

Ќе се декласифицираат договорите со странските инвеститори

Владата на Република Македонија смета дека е од особен јавен интерес да биде јавна информацијата ...

Close