Пелистер остана без стадионот „Под Тумбе кафе“

Извор: www.sportmedia.mk

 

Екипата на Пелистер на туѓ терен ќе ја води битката за излез во фудбалска Европа. Битолскиот тим нема да има можност во следниот период мечевите како домаќин да ги игра на својот стадион „Под Тумбе кафе“, бидејќи реновирањето на битолскиот стадионот уште не е завршено.

Челниците на Пелистер во соопштение до јавноста наведуваат дека следниот дуел против Брегалница ќе го играат на стадионот „Атина Бојаџи“ во Охрид. Поради казна на битолчани, таа средба ќе се игра пред празни трибини.

-Ја информираме целокупната спортска јавност, љубителите на фудбалот од Битола и навивачката група „Чкембари“ дека мечот од 20 коло од Прва МФЛ против Брегалница Штип, закажан за 25 февруари, ќе се игра на спортскиот центар „Атина Бојаџи“ во Охрид. Истовремено информираме дека и покрај сите напори од управата на клубот, раководството и спонзорите на ФК Плелистер, кои беа превземани во изминативе два месеци, во врска со навремено реновирање на соблекувалните во рамките на стадионот „Под Тумбе кафе“, не вродија со плод, Сопственикот на градскиот стадион, општина Битола, не најде за сходно да одговори на клупските повици и барања за елементарно оспособување на соблекувалните, согласно пропишаните критериуми, за да може ФК Пелистер, во пролетниот дел од сезоната да ги игра домашните натпревари на „Под тумбе кафе“. Оттука, за жал можеме само да констатираме дека поради ваквиот однос на општината кон ФК Пелистер, клубот е принуден да најде ад хок решенија (за играње домашни натпревари во други градови), кои се директна штета на патот кон фудбалска Европа – стои меѓудрогото во соопштението на ФК Пелистер.

Клубот најавува дека додека не се создадат минимални услови на стадионот „Под Тумбе кафе“, ќе мора да бараат други градови каде ќе играат, па и на домашните мечеви ќе играат како „гости“.

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...