Пендаровски оптимист за влез во НАТО – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Пендаровски оптимист за влез во НАТО

Реформскиот план 3 6 9 ќе го реализраме до следниот НАТО самит во Брисел во јули годинава, најави националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски. За да станеме членка на НАТО останува да се реши и проблемот со името, за кој се водат интензивни преговори како никогаш досега.

За Пендаровски само преку решение на прашањето за името може да влеземе во НАТО, друга алтернатива не постои.

Тој на новинарско прашање одговори дека АРМ многу заостанува од земјите членки на НАТО Алијансата, во материјално – техничка смисла.

Но човечкиот капацитет и професионалноста на припандниците на АРМ е нашата предност. Тој се надева дека и опременоста на војската ќе се подобри во иднина, преку зголемувањето на буџетот на Министерствотото за одбрана.

 

Зоран Димовски

Би те интересирало и

„Турандот“ на Мајските оперски вечери

Првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова ќе настапи во насловната улога на „Турандот“ која вечер од ...

Мултимедијална изложба на Гордана Винчиќ

„Лего со моето его“  е насловот на изложбата на Гордана Винчиќ, која вечерва од 20 ...