Пенезиќ е една од трите ѕвезди на колото во ЛШ

Ракометарката на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ е прогласена за една од трите „ѕвезди“ на колото во женската ракометна Лига на шампионите. Таа во рамките на третото коло од главната фаза е во друштво со: Ана Грос (Мец) и Жита Сучански (Ференцварош).

Ова е трети пат сезонава Пенезиќ да биде меѓу трите „ѕвезди“ во изборот на ЕХФ тв.

Ракометарката на ЖРК Вардар вчера против Турнингер постигна 10 голови, од кои 8 во првиот дел.

Покрај ова признание еден од нејзините голови се најде и во изборот на ТОП 5 голови на колото под број 5, додека за најубав гол е избран гол на уште една „вардарка“ пивотот Ања Алтхаус.



Додади коментар

Би те интересирало и

Јотовски поразен во второто коло на фјучрсот во Тунис

Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрсот во Хамамет, Тунис во поединечна конкуренција. ...

Милевски: Натпреварот против Црна Гора е важен пред се од психолошки аспект

Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски во пресрет на утрешниот ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger