Пензионерите во Кавадарци со спортивставени ставови за тоа кому треба да му ја дадат поддршката на претстојните локални избори

Дека пензионерите сакаат свое место во политиката и да ги штитат интересите на оваа категорија на граѓани, потврдува и фактот што деновиве во Кавадарци врие помеѓу пензионерските здруженија. Имено Илија Браов како претставник на Партијата на обединети пензионери и дел од пензионерите од Кавадарци денеска на прес конференција остро ја осудија поддршката од актуелниот претседател на здружението на пензионери, Кавадарци Ристо Анѓушев на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев. Според него, тој немал право да дава политичка поддршка во име на 7200 пензионери.

„Најостро ја осудуваме оваа изјава дека 7200 пензионери се согласуваат да ја поддржат партијата на ВМРО ДПМНЕ за овие избори, го прашуваме Анѓушев кога ги прашал овие пензионери за нивната согласност и бараме од него да се откаже од функцијата претседател на Здружението“, рече Браов.

На ова му реплицираше претседателот на Здружението на пензионери Кавадарци, Ристо Анѓушев. Тој категорично ги отфрли обвинувањата од страна на Браов и потенцира дека во трката за 11 -то место на советничкото столче на опозиционата ВМРО ДПМНЕ настапува како поединец и дека има граница помеѓу него и Здружението кое го раководи.

„Се’ е дезинформација, ние сме слободни граѓани и како пензионери секој има право да гласа, јас не настапувам како Здружение на пензионери туку како поединец, јас сум на листата на ВМРО ДПМНЕ како советник. На нашите дружења на нашите настапи, секогаш велам да не се настапува партиски, ние ако настапуваме партиски ќе дојде до немили  работи, секој кај сака таму нека си припаѓа“, посочува Анѓушев.

Инаку денеска претседателот на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија , Илија Николовски во Кавадарци, побара подршка за кандидатот на СДСМ за градоначалник Бетиан Китев,  за престојните Локални избори кои ќе се одржат на 15 – ти октомври октомври.

 

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...