Пензионер од тетовско му вперил пиштол во глава на 20-годишно момче

Вчера во 20.00 часот телефонски во Полициско одделение Камењане, 20- годишниот Ф.М од село Пирок, тетовско, пријавил дека истиот ден во 19 часот и 30 минути пред вратата на неговата куќа дошол 73- годишен Б.Б од село Пирок и веднаш на висок тон почнал да го навредува, по што извадил пиштол и го вперил кон него.

Од страна на сосед и од пријавителот, Б.Б. бил спречен во намерата, по што си заминал. Причина за настанот било тоа што Ф.М. имал љубовна врска со внука на Б.Б., којашто ја прекинал.

По кажување на Б.Б., Ф.М. ја вознемирувал внука му. Во полициската станица Камењане дошол Б.Б. од кого, со потврда за привремено одземени предмети, одземен е пиштол марка „Бернандели“ калибар 7,65мм и дозвола за поседување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би те интересирало и

Крадци нападнале жена, ја врзале со селотејп и украле злато од нејзиниот дом

Две маскирани и вооружени лица со нож ноќеска физички ја нападнале четириесет и деветгодишната, И.Ј. ...

Тешко повреден пешак, 14 сообраќајки вчера во Скопје

Пешак е потешко повреден, а 16 лица се полесно повредени во 12 од 14 сообраќајки ...