Перински: Социјалдемократскиот сојуз ќе одговара за расипничкото однесување со парите на граѓаните

Под палката на Социјалдемократскиот сојуз финансискиот систем е на стаклени нозе, а економијата почнува да го доживува својот крах. Социјалдемократскиот сојуз најави ново задолжување во вторник со што ќе ја задолжи државата за нови 27 милиони и 600 илјади евра – реагира денеска на прес конференција Златко Перински, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на Зоран Заев и Социјалдемократскиот сојуз им подготвуваат на граѓаните ново задолжување на 5-ти септември во висина од 27 милиони и 600 илјади евра. Потенцирам за 27 милиони и 600 илјади евра Социјалдемократскиот сојуз ќе ги задолжи граѓаните и со тоа во првите 100 дена сумата за која ја задолжија државата се искачува над 170 милиони евра. Нови 27 милиони и 600 илјади евра ќе ги чини граѓаните неспособноста на владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз. Социјалдемократскиот сојуз ја задолжија државата 170 милиони евра, а во меѓувреме се стопираат изградби на автопати, градинки, факултети. Нема изградба на водоводи, училишта, патишта, студентски домови“, обвини Перински.

За 100 дена, додаде тој, владата задолжи над 170 милиони евра, и од државните резерви стопи цели 177 милиони евра, а нема ниту еден проект што е реализиран или започнат со реализација.

Граѓаните, според него, мора да знаат каде ќе завршат новите 27 милиони и 600 илјади евра, кои тие ќе треба да ги враќаат.

„Владата се однесува расипнички и ја става иднината на граѓаните и државата на коцка. Владата во период пред избори задолжи милиони евра за кои никој не знае кај завршиле и каде допрва ќе завршуваат. Социјалдемократскиот сојуз ќе одговара за ваквото расипничко однесување со парите на граѓаните. Граѓаните ќе ги казнат Социјалдемократскиот сојуз за коцкањето со државата на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, изјави Перински.

Би те интересирало и

Биткоинот е речиси 8.000 долари, но инвеститорите со недоверба гледаат кон него

Иако вредноста на биткоинот порасна за неверојатни 700 проценти од почетокот на оваа година, поголемиот ...

Пад на цените на нафтата на светските пазари

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела паднаа од највисокото ниво што го достигнаа ...