Перу изгоре 1.520 крастави жаби, подготвувани за „вијаграта на Инките“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Перу изгоре 1.520 крастави жаби, подготвувани за „вијаграта на Инките“

На пазарот продажбата на 1.510 крастави жаби би достигнала вкупна вредност од три илјади долари.

Перуанските власти запленија 1.520 крастави жаби, кои требало да завршат во афродизијачки препарати и да бидат продадени на пазар во Лима, соопшти перуанскиот Национален центар за шуми и фауна (СЕРФОР).

Краставите жаби во пластични вреќи се пронајдени во тајно преградие на автобусите во северен Перу и биле дехидрирани, но живи.

– Тие биле подготвувани за продажба во Перу, а потоа требало да послужат како состојки во медицински цели и во подготовка на афродизијачки напиток, изјави покраинскиот шеф на СЕРФОР.

На пазарот продажбата на 1.510 крастави жаби би достигнала вкупна вредност од три илјади долари.

Екстракти од жабите служат за изработка на пијалаци, кои според тврдењата на шаманите имаат лековити и афродизијачки својства, а некои ги нарекуваат и „вијагра на Инките“.

Заговорниците на конзумирање на тие напитоци тврдат дека лекуваат дегенеративни промени на мозокот, анемија, кашлица, бронхијална инфекција, астма, стрес, нервоза и импотенција.

Превземено од: ПлусИнфо

Би те интересирало и

Турски академик тври дека Ное пред потопот му се јавил на синот на мобилен

Тој тврди дека Ное арката ја изградил од челик и оти користел нуклеарна енергија како ...

Вреди 30 милиони долари, а вози стара кола и се грее на обична греалка

Откако со нејзиниот глас и хитовите „Smooth Operator“ и „Your Love is King“ ја освои ...