Петти ден изборна кампања, партиите ги претставуваат програмите на терен

290665

На петтиот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори, Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Валандово и Гевгелија.

Предизборниот караван на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ денеска ќе ги посети Виница и Кочани.

Демократската партија на Албанците ќе одржи митинг во село Отља во општина Липково, а Алијансата за Албанците изборната програма ќе ја претстави во Чаир и Студеничани.

Носителите на кандидатските листи во изборните единици 1 и 4 од Коалицијата „ВМРО за Македонија“, Ден Дончев и Љубчо Георгиевски, денеска ќе имаат средби со граѓани во Скопје.

Граѓанската асоцијација МОСТ на прес-конференција ќе го презентира првиот извештај од досегашниот тек на набљудување на изборниот процес.



Додади коментар

Би те интересирало и

ДИК дефинитивни резултати за пратеници ќе објави доцна попладнево, ги прегледува записниците

Членовите на Државната изборна комисија сакаат детално да ги прегледаат записниците од сите општински изборни ...

Пат ситуацијата ја заострува кризата

Медиумите на германски јазик известуваат за тесен исход на предвремените парламентарни избори во Македонија, без ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger