Петтото засилување за Милан оваа година

 

„Газета дело Спорт“ пренесе, а потоа клупскиот канал на „росонерите“ потврди дека Фабио Борини утре ќе пристигне на прегледи во Милано, а потоа ќе стави потпис на договор со Милан. Италијанскиот напаѓач минатата сезона играше во Сандерленд, а финансиските детали од трансферот сеуште не се познати.

Борини доаѓа на „Сан Сиро“ по барање на Монтела бидејќи може да игра и како десно и како лево крило, па одлично се вклопува во неговата формација 4-3-3. Борини најверојатно ќе биде алтернатива на крилните позиции, со оглед на фактот што Милан е во напредни преговори и за играчот на Леверкузен, Хакан Чалханоглу.

Би те интересирало и

Реал не успеа да го победи Тотенхем

Тотенхем, сепак, немаше сили да направи подвиг и да стигне до победа на „Сантијаго Бернабеу“ ...

Конте: Последното интервју беше погрешно пренесено

Навивачите на Челси можат да здивнат бидејќи менаџерот Антонио Конте потврдил дека е среќен во ...