Пет работи кои интелигентните луѓе никогаш не ги прават

Постојат различни видови интелигенција, но повеќето интелигентите луѓе многу лесно можат да се препознаат и по тоа што никогаш нема да ги направат следниве пет работи:

1. Не ги обвинуваат другите за своите неуспеси

Интелигентни луѓе професорот никогаш нема да ги турне на испит „затоа што ги мрази“ или затоа што „не бил расположен“. Шефот никогаш нема „нешто против нив затоа што е љубоморен“, а за љубовните неуспеси никогаш не ги обвинуваат сите други.

Интелигентните луѓе знаат дека причината за неуспехот мораат да ја побараат во своите одлуки и однесувања и тоа ќе го искористат да научат нешто ново.

2. Знаат дека не се секогаш во право

Со интелигентните луѓе може аргументирано да се разговара. Тие не сакаат да го слушаат само својот глас, туку се обидуваат да ги разберат и другите ставови и мислења.

Тие се со отворен ум и ќе го сменат мислењето за нешто ако сфатат дека ги немале сите аргументи.

3. Не се агресивни

Кога доаѓаат проблеми, интелигентните луѓе не викаат и не тргнуваат на физичко решавање на проблемот.

Тие реагираат смирено и ќе пронајдат решение на мирен начин, со разговор и аргументи.

4. Имаат разбирање за други

Интелигентните луѓе ги краси сочуството кон другите луѓе.

Тие со задоволство ќе им помогнат на другите, дури и кога од нив не се бара тоа и многу лесно можат да се поистоветат со другите луѓе и нивните проблеми да ги сослушаат и да ги разберат.

5. Не мислат дека се подобри од останатите

Интелигентните луѓе не мислат дека се над другите. Напротив, со задоволство ќе им помогнат на другите да ги остварат своите цели и да им докажат дека и тие можат да успеат.

Интелигентните луѓе ретко зборуваат негативно за другите луѓе и навистина ретко критикуваат туѓи животни одлуки.

Додади коментар

Би те интересирало и

Со средство за стакло го уништила моторот на својот автомобил

Една Французинка направи толку ’талентирана’ работа со која не само што си го уништи својот ...

Петгодишно девојче казнето зашто продавало лимонада

Ќерката на лондончанецот Андре Спајсер е казнета со 150 фунти бидејќи им продавала лимонада на ...

Close