Пет штркчиња изгореа во гнездо во Сопот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Пет штркчиња изгореа во гнездо во Сопот

Пет штркчиња настрадале денес во пожар во своето гнездо во кавадаречкото село Сопот. Противпожарната единица пристигнала на интервенција по повик од жителите на селото – информира командирот на кавадаречките пожарникари, Илчо Богевски.

Според првичните информации можно е до пожарот до дошло поради змија или меѓусебно туркање, штрковите да предизвикале спој на две жици од бандерата со електрични кабли.

Покрај гнездото со петте штркови, била опожарена и бандерата, а брзата интервенција на екипите на ЕВН и пожарникарите успеале да спречат пожарот да се прошири на соседните објекти.

Очевидци раскажуваа дека возрасните штркови до последен момент седеле во гнездото, најверојатно барајќи начин да ги спасат своите малечки. Тие очигледно ја почувствувале опасноста веднаш со првиот пламен и чадот. Вознемирени кружеле околу гнездото како да барале помош, не можејќи да ги остават малечките во гнездото. Со некакви крици се обидувале да ги предупредат за да полетаат и да се спасат. Богевски за Канал 77 потврди дека ова не е прв ваков случај и дека неколку пати досега имале интервенции на вакви настани.

Пред  две години исто така се запали гнездо на штркови на бетонски столб во Росоман, во оганот дел од каблите биле запалени по што била исклучена електричната енергија во еден дел, но во овој случај, штрковите успеале да се спасат.

 

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...

Имињата за новите министри утре ќе бидат доставени до Парламентот

Премиерот Зоран Заев утре до Парламентот ќе ги достави новите имиња за реконструкција на Владата. ...