Пике го повреди коленото, се соочува со подолга пауза – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Пике го повреди коленото, се соочува со подолга пауза

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Жерар Пике на вчерашниот натпревар против Еспањол го повреди коленото и можно е да биде надвор од терените подолго време.

Шпанскиот „АС“ објави дека Пике може да паузира еден месец, но прво ќе се почекаат деталните лекарски прегледи, а потоа ќе се знае точно колку ќе трае закрепнувањето.

Пике сигурно ќе го пропушти претстојниот реванш од полуфиналето на Кралскиот куп против Валенсија и дуелот од Примера со Гетафе.

Токму Пике го постигна голот на натпреварот со Еспањол на десетина минути пред крајот и спречи пораз на Барселона.

Би те интересирало и

Конте: За две недели ќе се знае дали го напуштам Челзи

Менаџерот на Челси, Антонио Конте ќе го почека крајот на сезоната, за да ја објави ...

Алекс Фергусон се разбуди од кома

Сер Алекс Фергусон се разбудил од кома и почнал да разговара со семејството – пренесе ...