Писмо со три куршуми испратени до Никос Коѕиас – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Писмо со три куршуми испратени до Никос Коѕиас

Писмо со три куршуми и закани до него и неговото семејство добил министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас. “Имаме три куршуми за вас”, пишувало во писмото. Министерот за заштита на граѓаните на Грција Никос Тосас, во телевизиско интервју го потврди случајот.

– Нема да коментирам за колку опасно е да се испрати вакво писмо, затоа што не им се допаѓа начинот на кои се водат преговорите (со Македонија). Се обидуваме да најдеме докази за оние кои го испратија писмото.

Полициските власти веќе се во потера по оние кои се обидуваат да ја поткопаат климата на мирни демонстрации, изјави Тосас. Што се однесува до мерките на полицијата за претстојниот најавен мирен протест против преговороите со Македонија, тој рече дека наредбите на полицијата се да ги преземе сите мерки за собирот да биде што е можно помирен.

– Се надевам дека организаторите ќе преземат мерки на претпазливост за да се изолираат елементи на екстремната десница, изјави Тосас. Запрашан за коментар за најавите на организаторите на протестот од Рубикон, министерот за заштита на граѓаните, рече дека “по 25 години е направен обид да се реши ова прашање, преговорите ги води Министерството за надворешни работи со насоки од премиерот и ова не може да го наруши едно заканувачко писмо “.

Би те интересирало и

Без српските гласови нема косовска војска

Меѓународниот фактор во Приштина инсистира на тоа дека при одлучувањето за трансформација на Безбедносната сила ...

Бутарис излезе од болница

Како што јави дописничката на МИА од Атина, физичкиот напад врз солунскиот градоначалник го осудија ...